Прво неформално гласање за нов генерален секретар на ОН


Во Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе се одржи своето прво неформално гласање, за да ја процени поддршката за новиот генерален секретар на меѓународната организација.

Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш завршува во јануари 2027 година.

СБ го номинира новиот генерален секретар. Кандидатот мора да добие најмалку девет гласови во 15-членото тело на Советот, при што секоја од петте постојани членки може да го искористи своето право на вето за да ја блокира номинацијата.

Откако ќе биде номиниран, кандидатот сепак мора да биде потврден од Генералното собрание на ОН, чекор што традиционално се смета за чиста формалност.

Кандидати од Аргентина, Чиле, Костарика, Еквадор, Гвајана, Сенегал и Уганда се борат да го заменат Португалецот, Гутереш, кој ја извршува функцијата два мандата по пет години.

Кандидати за нов генерален секретар на ОН се директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, Аргентинецот, Рафаел Гроси, поранешната претседателка на Чиле, Мишел Башелет, поранешната потпретседателка на Костарика, Ребека Гринспан, поранешната министерка за надворешни работи на Еквадор, Марија Фернанда Еспиноза, поранешната министерка за надворешни работи на Гвајана, Керолин Родригес-Биркет, поранешната претседателка на Сенегал, Маки Сал и дипломатката од Уганда, Олара Отуну.