Проекција на прогнозата за 2050 година во Британија, веќе се остварува – температури близу 40

Симон Ли, атмосферски научник од Универзитетот Колумбија во Њу Јорк, забележа фрапантна сличност меѓу прогнозите за 2050 година и прогнозите за почетокот на следната седмица во Обединетото Кралство.


Пред две години прогностичарите во Обединетото Кралство спроведоа интересен експеримент. Истражија како нивните прогнози за времето може да изгледаат во 2050 година?

Климатската криза доведува до екстремни временски услови во целиот свет, а температурите на северните географски ширини посебно се осетливи на промени. Затоа метеоролозите од Метеоролошката канцеларија на Британија во 2020 година истражија долгорочни климатски модели за да спознаат какви температури ќе има за три децении.

„Ова не е вистинска временска прогноза. Тоа се примери на веројатна прогноза врз темелите на климатските проекции“, пишуваше на графиката на Мет офисот. Но, во понеделинк и во вторник, „веројатното“ станува стварност – 28 години порано.

Симон Ли, атмосферски научник од Универзитетот Колумбија во Њу Јорк, забележа фрапантна сличност меѓу прогнозите за 2050 година и прогнозите за почетокот на следната седмица во Обединетото Кралство.

„Денешната прогноза за вторник шокантно е идентична за големи делови од земјата“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека тоа што доаѓа во вторник дава увид во иднината.

Опасен топлински бран во Велика Британија

Така, за вторник во Бртианија се предвидуваат температури за 10 до 15 степени повисоки од вообичаено. Највисоката температура прв пат може да се приближи до 40 степени Целзиусови, па издадено е црвено предупредување.

Највисоката измерена температура на остворот е 38,7 степени Целзиусови, од 2018 година. Ова е јасен знак колку брзо се менува времето.

„Се надевавме дека нема да дојде до оваа ситуација. Климатските промени веќе влијаеја на можноста од ектремни температури во Велика Британија. Шансите да дочекаме денови со температури од 40 степени Целзиусови во Обединетото Кралство може да се десет пати поголеми во моменталната клима отколку во природната клима без човечко влијание“, вели Никос Кристидис, научник од метеоролошката канцеларија.

Илјадници умираат поради екстремните горештини

Шансите за температури од 40 степени се големи и не се работи за само неколку дена. Екстремната горештина е една од најсмртоносните појави – само што топлинскиот удар и смрт се припишуваат на темелни состојби како што се болести на срцето или респираторните заболувања.

Неодамнешните извештаи сугерираат дека само пет отсто од домаќинствата во Велика Британија имаат клима-уреди.

Лани и САД и Канада беа погодени од високи темпертури, а властите во Британска Колумбија во овој период забележале 800 смртни случаи.

Смртоносен топлински бран

За разлика од поплавите и пожарите, чувството за итност околу смртоносниот топлински бран не е толку драматично, вели Кристи Еби, истражувачка на клима и здравје од Универзитетот Вашингтон, нагласувајќи дека горештината е тивок убиец.

„Кога надвор е жешко не обрнуваме посебно внимание на здравствените последици. Луѓето не се свесни и не размислуваат за ризиците поврзани со високите температури“, вели таа за Си-ен-ен.

Вели дека разбира оти климата не е иста како пред неколку години. Климатската криза веќе денес влијае на нашите животи, а ќе продолжи да ги погодува најзагрозените.

„Сите се радуваме на летото и уживаме во топлите темератури, но постојат луѓе кои се во опасност од зголемените температури. Како што климата продолжува да се менува и температурите се повисоки, луѓето повеќе ќе мора да обрнуваат внимание на тоа што се случува“, додава таа.