Фотографии од местото на падот на хеликоптерот на претседателот на Иран
Фотографиите од местото на падот на хеликоптерот со кој се превезуваше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, и министерот за надворешни работи покажуваат дека навистина се работи за прилично непристапен терен во планините на провинцијата Источен Азербејџан. Исклучително густата магла е веројатно една од причините за падот на хеликоптерот, но таа ги попречи и спасувачките екипи.
Еве неколку фотографии на иранската агенција Моџ њуз од местото на несреќата, сапсувачките екипи и извлекувањето на мртвите тела.