Приватен детектив бил најмен да ја истражува Меган Маркл


САД– Американски приватен детектив објави дека бил најмен да најде информации за Меган Маркл. Ова се случило во почетоците на нејзината врска со принцот Хари. Детективот имал задача да бара лични податоци за неа.

Даниел Хенкс бил најмен од весникот „Сан“. Тој призна дека добил нелегален пристап до такви информации, какви што се бројот на социјално осигурување и податоци за нејзиниот поранешен сопруг. „Сан“ објави дека тие побарале правна истрага.

Извештајот на детективот е претставен. Има и телефонски број, како и информации за придружбата на војвотката од Сасекс.

Претставник на Хари и Меган изјави дека овие откритија треба да водат кон дијалог за реалноста во и околу медиумите.