Прекинат состанокот на Меркел со сојузните премиери – таа бара забрана за патувања
Преговорите на сојузните и поркаинските влади за понатамошните мерки против корона вирусот во понеделник беа прекинати поради несогласувања околу воведувањето построги мерки како што бара канцеларката Ангела Меркел, а на што се противат некои сојузни покраини.
„Мекрите околу кои се договоривме досега не се доволни за да се прекине динамиката на ширење на заразата“, рече Меркел, пренесуваат германските медиуми.
Најспорното прашање е она за патувањата во текот на велигденските празници. Како што се дознава од преговарачките кругови, сојузните покраини, особено оние кои се наоѓаат на брегот на Северното и Балтичкото Море, опстојуваат на барањата туристичките капацитети да се отворат со почитување на хигиенските и мерките на дистанца.
Меркел е за забрана на сите патувања
Сојузната влада и некои сојузни покраини тоа го одбиваат и бараат да се забранат патувањата кои не се неопходни како што се туристичките. На хотелите и на приватните сместувања им е забрането угостување гости во туристички цели.
Мерек е незадоволна и од отпорот на сојузните покраини за воведување нови мерки на затворање. Тие пак бараат да се воведат мерки на затворање само таму каде седмодневната инциденца е три дена по ред над 100.
„Ние денес постигнуваме договор да се држиме до она што го договоривме на последниот состанок“, го критикува Меркел ставот на сојузните покраини.
На состанокот се расправало и за воведување полициски час во окрузите со висока инциденца на зараза.
Нема согласност ни за тоа на кои подрачја би требало повторно да се повлечат мерките договорени на почетокот на март.
Баварскиот премиер Маркус Соедер бара во случај на инциденца поголема од 100 да се воведат мерки само во погодениот окруд, а не на подрачјето на целата покраина како што предлагаат премиерите на другите сојузни покраини.
Во случај на инциденца над100 би требало да се дозволи само еден посетител од друго домаќинство до појде на гости кај други, а не како сега дозволените пет.
Планираниот предлог за генерално допутање посета на семејството во текот на велигденските празници, како што беше за Божик е отфрлен.
Пред прекин на состанокот, учесниците договориле продолжување на актуелнте мерки до 18 април.
Се уште не се знае кога ќе продолжи состанокот.