Пожари дивеат на западот на САД – најавен налет на суви бури


Западот на Соединетите Американски Држави се подготвува налет на суви бури кои би можеле да покренат нови разорувачки пожари во регионот во кој веќе беснеат бројни шумски пожари.

Во последните 24 ласа избија осум пожари со што вкупно има 80 големи пожари во САД, во кои изгореа 4.680 квадратни километри, според последните податоци на Националниот информативен протипожарен центар.

Ангажирани се близу 20.000 пожарникари, од кои 2.000 во Орегон, каде изгореа повеќе од 1.200 квадратни километри или површина поголема од Њујорк.

Метеоролошките служби предупредија на доаѓање суви бури со грмотевици од Калифорнија до север кај Карпестите Планини, што дополнително ќе ја влоши ситауцијата.

Често кога температурите се виоки, а воздухот сув, дождовите ги следат тие појави, но тие испаруваат пред да паднат на тлото. Громовите може да направат штета и да предизвикаат нови пожари.

„Големи се изгледите од избивање голем пожар во целото подрачје до понеделник поради обилни грмотевици“, наведува во прогнозата метеоролошката служба на Јужна калифорнија.

Во Канада избија дваесетина нови пожари во последните два дена во Британска Колумбија, според податоците на локалните противпожарни служби.

Во Онтарио во саботата избија петнаесетина пожари. Во регионот Ред Лејк еден пожар во моментот гори на површина 45.000 хектари.