Повторно соборен црниот рекорд во Србија – најмногу заразени и тестирани денеска

Во последните 24 часа забележани се рекордни 7.999 случаи со корона вирус од тестирани 22.837 во соседна Србија.
Истовремено починаа уште 48 пациенти.
Ова е највисок број тестирани и заболени во еден ден од корона вирус во Србија.
На респиратор се 269 пациенти.