Поради поплави евакуирани делови од Сиднеј – ова се случува еднаш во 100 години
Делови од северозападен Сиднеј во Австралија евакуирани се во неделата сред ноќ поради опасност од поплави предизвикани од силните дождови.
Предупредувања за поплави се на сила во најмалку 12 подрачја на Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска сојузна држава, во која живеат осум милиони луѓе.
Еднаш во 100 години
Властитенаредија евакуација за сите во низинските подрачја. Премиерката на Нов Јужен Велс Глејдис Берејилкиан предупреди дека такви временски неприлики се случуваат еднаш во 100 години, пренесе Би-би-си.
Џонатан Хау од австралиската метеоролошка служба вели дека освен дождот проблематичен е и силниот ветар.
ДОдава дека силните дождови ќе продолжат нис остатокот од неделата и дека делови од Сиднеј ви можеле да имаат 200 мм дожд.
Итните служби објавија дека преку ноќ примиле околу 600 повици за помош, а повеќе од 60 од нив биле поради поплави.