Почина поранешниот ирански министер за надворешни работи , ранет во израелско-американски напад


Техеран – Поранешниот ирански министер за надворешни работи Камал Харази почина од повредите здобиени во воздушен напад, објавија иранските државни медиуми рано во петокот. Харази, шеф на Стратешкиот совет за надворешни односи, беше ранет неколку дена претходно во израелско-американски воздушен напад, објави државната новинска агенција ИРНА, велејќи дека „починал пред неколку часа“.

Го советуваше убиенот ајатолах Али Хамнеи

Харази беше министер за надворешни работи на Иран од 1997 до 2005 година. Неговата последна функција беше советник на долгогодишниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, според медиумските извештаи. Хамнеи беше убиен на почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран.