По успешната вакцинација Британија се враќа во живот

Велика Британија презема уште еден мал чекор кон излез од рестриктивните мерки во време кога со внимание се гледа на новиот бран на вирусот што ја зафаќа Европа. Речиси 30 милиони луѓе, што се 56 отсто од возрасните, досега ја примија првата доза од вакцината во кралството.
Бидејќи стапката на вакцинација во Обединетото кралство против Ковид-19 ја надмина онаа од земјите во ЕУ, премиерот Борис Џонсон ја ублажува максимата „останете дома“ која имаше негативен ефект на секојдневниот живот речиси три месеци.
Од понеделник во Англија ќе има порака за ограничено движење, а на луѓето ќе им биде дозволено да се групираат по шестмина на отворено и може да спортуваат кошарка, тенис и голф, јави АП.
Во Шкотска, Велс и Северна Ирска се преземаат слични чекори. Во Велс илјадници луѓе излегоа на плажите откако мерките се релаксираа, првпат од декември.
Строги рестрикции беа нематнати во социјалниот живот во текот на три затворања минатата година, а имаа широка поддршка од јавноста иако ги вознемирија некои пратеници од Конзервативната партија на Џонсон, кои тврдат дека економските, демократските и човечките трошоци се преголеми.
Повеќето неесенцијални претпријатија и понатаму се затворени, заедно со пабовите, рестораните, теретаните, кино салите, театрите, музеите и спортските стадиони. Милиони работници останаа без работа, а владата ги исплати повеќето нивни плати.
Велика Британија забележа повеќе од 126.000 смртни случаи од Ковид-19 во Европа, што е најмногу на континентот.
Иако многу европски нации бележат нов пораст на бројот случаи со корона вирус Британија смета на брзата програма за вакцинација која ќе ѝ помогне да ги укине мерките. Речиси 30 милиони луѓе, односно 56 отсто од возрасната популација веќе се вакцинирани барем со една доза вакцина.
Британија има цел на сите кои имаат повеќе од 18 години да даде прва доза до јули, а другите дози во рок од 12 недели по првата.