Паулина Поришкова и Арон Соркин: Нова двојка на Оскарите


САД– Супермоделот Паулина Поришкова (56) и номинираниот за најдобро оригинално сценарио Арон Соркин (59) се нова двојка во Холивуд. Врската која трае неколку месеци ја обелоденија, синоќа на црвениот килим на 93. Оскари во Лос Анџелес.

На Чехинката Поришкова, една од најславните манекенки во 80-титe, по долго време и се врати насмевката, зашто по смртта на нејзиниот сопруг, фронтменот на поп-групата The Cars, Рик Окасек, кој почина во септември 2019 година, додека се разведуваa, откри дека ја лишил од наследство. Двојката се родители на два сина.

И Соркин зад себе има еден брак и ќерка.