Оваа храна го намалува ризикот од срцев удар, а чини 25 денари


Понекогаш вистинското богатство за нашето здравје се крие во храна која не чини многу, но може многу да помогне. Можеби многу луѓе не знаат какви придобивки се кријат во семките од сончоглед. Еве што ги прави толку здрави и како влијаат на нашето тело.

Сто грама семки од сончоглед обезбедуваат околу 585 калории енергија. Тие имаат добра количина на влакна (8,5 g) и масти (51,5 g). Присутните масти се главно полинезаситени и мононезаситени, кои се добри масти. Богати се и со протеини (20,77 g). Тие се полни со здрави материи како што се тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, фолна киселина, холин, витамин Б6, витамин Ц и витамин Е.

Тие содржат минерали како што се калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор, калиум, натриум во добри количини и цинк. Тие ни обезбедуваат и флавоноиди и фенолни киселини, кои се силни антиоксиданси.

Содржината на влакна во семките од сончоглед, кои може да се купат по цена од 25 денари, помагаат да се намали нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта. Ниацин или витамин Б3 присутен во семките од сончоглед го намалува вкупниот холестерол и ризикот од срцеви заболувања.

Како го штитат срцето?

Семките од сончоглед се богати со олеинска и линолеинска киселина, а имаат малку заситени масти и натриум. Содржат и магнезиум, калиум и влакна, како што споменавме, па помагаат во намалување на крвниот притисок и нивото на серумскиот холестерол. Нивната употреба ја намалува и појавата на аритмии. Сите овие фактори помагаат да се заштити телото од кардиоваскуларни нарушувања, вклучително и срцев удар.

Овој тип на семе може да го намали нивото на шеќер во крвта кај пациенти со дијабетес тип 2. Витаминот Б6 што го содржи го подобрува расположението и концентрацијата и ја подобрува меморијата. Тој ослободува серотонин и норепинефрин.

Семето помага и во ублажување на симптомите поврзани со предменструален синдром (ПМС). Тие можат да бидат сојузник при слабеење, да ги смират воспалителните процеси, да придонесат за убавината на кожата, можат да делуваат како детоксикација и во борбата против анемијата, пишува Pharmeasy.in.