Огромен пожар во Орегон, луѓето бегаат
Голем шумски пожар во сојузната држава Орегон уништува сѐ пред себе, а досега опожарени се повеќе од 80.000 хекрати земја, што натера стотици луѓе да избегаат од своите домови, објави Мегуагенцискиот координациски ценар во Портланд, јанголемиот град во Орегон.
„Ова ми е прв шумски пожар кој сум го доживеала и тоа е застрашувачко. Не знаете дали ќе бидете меѓу оние на кои огнот ќе им ја проголта куќата или ќе гледате како во пожарот го снемува домот на соседите, а најлошо е што не можете ништо да направите“, вели една од евакуираните жителки на Орегон.
Огнот што се шири низ Орегон, досега униште 21 куќа, а уште околу 2.000 се загрозени.
Оваа сезона забележани се 60 големи пожари во 12 сојузни држави во САД, а опожарени се 404.680 хектари површина.