Нови правила за внесување и изнесување пари од ЕУ- строги прописи за повеќе од 10.000 евра
Новите правила за контрола на готовина и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ ќе стапат на сила утре, со тоа што сите патници кои влегуваат или излегуваат од ЕУ треба да пополнат декларација за готовина кога носат 10.000 евра или повеќе или противредност во други валути, како и други средства за плаќање како што се патнички чекови или меници, пренесува Танјуг.
Европската комисија наведува дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите на финансирање тероризам.
Од утре ќе се применуваат бројни измени во ЕУ, што дополнително ќе ги заостри правилата и уште повеќе ќе го отежни преносот на големи количини на „неоткриена“ готовина.
Прво, дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе се прошири за ќе вклучува златници и одредени други златни предмети.
Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност.
Конечно, царинските власти сега исто така може да побараат да се направи декларација кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба со пошта, стока или курир.
Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националната единица за финансиско разузнавање во секоја земја-членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина што може да се искористи за финансирање на нелегални активности, заклучуваат во Брисел.