Нова инвестиција – ветерен парк од 40 милиони евра во Богданци


Во општина Богданци денеска ќе биде промовирана новата инвестиција ветерн парк.
 
Инвестицијата во ветерна електрана од 30 мегавати на подрачјето на општина Богданци е со вредност од над 40 милиони евра.
 
На промоцијата на инвестицијата, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов и директор на компанијата „Интеренерго“ д.о.о, Љубљана, Блаж Штерк. 

Со изградбата ќе се зголеми уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија од АД ЕЛЕМ од околу 3%. Република Македонија има обврски кон Европска Унија за исполнување на целите за 20% производство од обновливи извори во енергетскиот биланс, цел која е поставена и поддржана од сите релевантни институции во Република Македонија. Предвидени се и заштеди на емисијата на CO2 од околу 35.000 t годишно.

Во рамки на втората фаза од овој проект предвидено е поставување 6 турбини во ветерниот парк Богданци со инсталирана моќност од 13,8 MW. На овој начин ќе се искористи ветрот како обновлив извор на енергија преку изградба на ветерни електрани, со цел постигнување  дополнително годишно производство од 37 GWh природно одржлива енергија.

З