Норвешки регион сака денот да трае 26 часа


© Foto Dag W. Grundseth Bildet m ikke publiseres i noen form, elektronisk eller p trykk uten avtale med fotograf. 2019

Најсеверниот регион на Норвешка побара од Европската комисија дозвола да воспостави временска зона со 26-часовен ден. Планот, промовиран од локален градоначалник во Арктичкиот круг во близина на руската граница, има за цел да ги зајакне локалните вредности, да го продолжи времето за семејството и да привлече нови жители во регионот.

Сепак, деталите од планот се нејасни, пишува Politico. Во своето писмо до Европската комисија, норвешкиот регион бара од властите на ЕУ да им наложат на норвешките власти да одобрат создавање временска зона со 26-часовни денови наместо 24-часовни денови.

Европската комисија потврди дека го добила барањето. Венче Педерсен, градоначалникот на Вадсо кој го напиша писмото, не е сигурен како новите временски зони би функционирале во пракса. „Не размислувавме многу за тоа. Часот ќе оди од 12 до 13… и треба да видиме како ќе помине. Не верувам дека ќе дадат одобрение, па не размислувавме за сите детали“, истакна таа.

„Имаме повеќе време за дружење“
Регионот се бори да привлече нови жители. Смета дека претставувањето на уникатните вредности на областа ќе привлече нови луѓе.

„Преку нашиот проект „MOREtime“, имаме за цел да го прославиме и промовираме овој уникатен начин на живот, нудејќи им на поединците можност да уживаат во повеќе квалитетно време ангажирајќи се во активности како што се риболов, лов, учење нови јазици или едноставно поминување време со најблиските”, вели градоначалничката.

„Зотшто е добро да живееш овде? Не трчаме по автобуси или возови, ниту треба да патуваме долги растојанија до работа и слично. Многу сме среќни што живееме во дел од Норвешка каде што имаме повеќе време да поминеме со пријателите и семејството“, додаде таа.

Норвешка не е членка на ЕУ
Таа истакна дека целта за решавање на регионот е „поважна од кога било“ во светлината на руската војна против Украина. „Ни се допаѓа нашиот начин на живот и мислиме дека може да биде многу возбудлив, особено за семејствата со мали деца. Мислам дека тоа е помирно и подобро секојдневие отколку, на пример, во голем град“, нагласи таа.

Норвешка не е членка на ЕУ, но земјата е дел од Европската економска област. Директивата на ЕУ го регулира летното сметање на времето, но прашање е дали таа има овластување да создава посебни временски зони. Според претставникот на Комисијата, временските зони се работа на самите земји, така што тешко дека ЕУ ќе може да го одобри барањето на регионот.

Сепак, Педерсен се надева дека барем ќе ја прошири веста за уникатноста на северна Норвешка. „Во тој поглед, ние сме еден од најбогатите региони во Европа бидејќи имаме повеќе време“, заклучи Педерсен.