Неверојатно видео од дрон: Украински војник од близина уништи руски тенк


Украинците објавија снимка од беспилотно летало на која се гледа како украински војник излегува од засолниште во шумата за да уништи руски тенк кој вози по калливиот пат опкружен со шума.

На снимката може да се види како украински војник излегува од шумата откако покрај него поминал тенк, а потоа на рамото става рачен ракетен фрлач. Иако тенкот почнал да ја врти куполата кон непријателскиот војник, овој сепак бил побрз и испукал проектил кој ја погодил целта.

Тенкот бил во пламен момент подоцна, а бел чад почнал да се шири од него високо во воздухот. Тенкот возеше уште неколку моменти, но запре поради повеќекратните експлозии што се случија поради загревањето на муницијата во тенкот.

Видеото го објави украинската 95-та воздушна јуришна бригада. Во соопштението пишуваат дека војник на 1-та Воздушно јуришна бригада го уништил тенкот од кратко растојание.