Нетанјаху ја прекина посетата на САД


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прекина посетата на САД по денешното обраќање пред Генералното собрание на ОН, откако ВВС на таа држава извршија нов напад врз цели на Хезболах во Бејрут.

„Премиерот Нетанјаху одлучи да се врати во Израел порано од планираното и ќе замине од САД вечерва, се вели во соопштението од Кабинетот. Според нив, тој првично требало да пристигне во Израел в недела.