Нападнат руски пункт за мобилизација, застрелан наредникот
Шефот на воениот оддел во Уст-Илимск, Русија, е тешко повреден кога бил застрелан од млад човек кој требало да биде мобилизиран.
Според локалните медиуми, Александар Елисеев се здобил со прострелна рана во главата.
Пред да пука, младиот човек (25), кој е идентификуван како Зина Руслан, наводно рекол: „Сега сите ќе си одиме дома“.
Лекарите се борат за животот на ранетиот Елисеев, пренесе Телеграф.рс.
❗️В Усть-Илимске Иркутской области мужчина открыл стрельбу в военкомате. Начальник военной комиссии раненhttps://t.co/GEOz5JgHyI
Видео: «Тайга.инфо» pic.twitter.com/5cRzI8nRCY
— Медиазона (@mediazzzona) September 26, 2022