Најмалку четворица загинати во падот на руски борбен авион во градот Јејтс (Видео)
Во падот на борбениот авион „Су-34“ во станбена зграда во Јејск, во регионот Краснодар на југот на Русија во близина на Украина, според последните информации, загинале четири лица, а уште шест се водат за исчезнати, јави обединетата дежурна диспечерска служба на градот, пишува Интерфакс.
Според последните податоци, повредени се 25 лица. Четворица од нив се во критична состојба. Меѓу жртвите има и три деца на возраст од 8-10 години.
Бомбардер „Су-34“ на руското Министерство за одбрана се урна вечерта на 17 октомври во дворот на деветкатна станбена зграда во Јејск. За време на падот, експлодирала муницијата на авионот. Пожарот се проширил на висококатница.
Несреќата се должи на палење на еден од моторите, објави рускиот државен медиум РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за одбрана на земјата.
Не е јасно колку луѓе имало во борбениот авион.
Another video is circulating on social networks, which, presumably, shows the moment the plane crashed on a residential building in #Yeysk. pic.twitter.com/JX2spG6DTm
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2022
„На 17 октомври 2022 година, авион ‘Су-34’ се урна додека полетуваше за да изврши тренинг лет од воениот аеродром во Јужниот воен округ“, се вели во соопштението на Министерството за РИА. „Според извештајот на исфрлените пилоти, причина за авионската несреќа е палењето на еден од моторите при полетување. На местото на падот на Су-34 во дворот на еден од станбените простории, горивото на авионот се запали“, се наведува во официјалното соопштение.