Најмалку 42 мртви во поплавите во Германија; „Ваква катастрофа не сме доживеале“
Бројот на жртви во поплавите кои ноќеска погодија големи делови од западна Германија, се искачи на 42, објави полицијата, пренесе АФП.
Бројот може да се зголеми со оглед на тоа дека многумина се водат како исчезнати.
Многу делови од западна Германија, поради шестокото невреме и обилните дождови, што ноќеска ги зафати, останаа отсечени од светот.
Најтешко е погодена областа Ајфел, на градницата со Белгија и Луксембург, каде исто така има поплавени подрачја.

Само во округот Арвејлер потполно се уништени 100 објекти, а 100 луѓе ноќта ја поминаа на покривите од куќите, а анекои уште чекаат евакуација.
„Ваква катастрофа не сме доживеале“, вели премиерката на сојузната покраина по вонредната седница на владата во Мајнц.
Ангела меркел, која е во Вашингкот, преку портпаролот изрази шокираност од синоќешното невреме.
„Шокирана сум од катастрофата која погоди толку луше во поплавените подрачја. Сочувствувам со семејсвата на загинатите и исчезнатите“, вели таа.
Целиот железнички сообраќај вна западот на земјата коалбира, а властите апелираат граѓаните да не патуваат без посебна потреба. Железничкиот сообраќај е во прекин и во соседните Белгија и Холандија. ЕУ понуди помош за погодените подрачја.
