Над 16.500 компании добија финансиска поддршка за април


Упрвата за авни приходи (УЈП) соопшти дека финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година им е одобрена на вкупно 16.546 компании за 103.307 вработени.

Како што информира Секторот за односи со јавност на УЈП, вкупниот износ на досега одобрената финансиска поддршка изнесува 1.447.278.909 денари.

– Даночните службеници кои работат викендов прават конечна обработка на МПИН пресметките во кои се содржани останатите барања за финансиска поддршка, за коишто в понеделник УЈП ќе го извести Генералниот секретаријат на Владата на РСМ за спроведување на исплатата, се додава во соопштението на Управата за јавни приходи. с