Музичкиот феномен ја освојува модата: Били Ајлиш соработува со Такаши Мураками и Уникло за колекционерски маици


САД- Били Ајлиш е на врвот на светот. 18-годишниот музички талент доминираше на наградите Греми, „Билборд“ ја круниса за Жена на годината, а нејзиниот деби-албум When We All Fall Asleep, Where Do We Go?, се емитуваше повеќе од две милијарди пати. Во толку рана возраст, таа стана феномен, привлекувајќи ги срцата на легионите на обожавателите, од кои сите се маѓепсани однејзиниот талент, но и  личниот стил.

 

Ајлиш ја продолжува својата победничка низа со тоа што се здружи со Уникло и Такаши Мураками, уметник кој исто така е феномен  за неговиот модус операнди. Линијата,  се состои од шест маици за мажи, жени и деца во светли неонски бои што го содржат името на пејачката, заедно со цвеќињата во стилот на Мураками.

Иако Ајлиш и Мураками скоро 40 години ги разделуваат, спојувањето  на овие две креативни сили, според претседателот на секторот за глобална креативност на Уникло, John C. Jay Jayеј, е одлична идеја.

-Тие „двајца како највлијателните глобални творци се собраа како нов израз на уметност за сите“, рече тој во изјавата.

Всушност, ова не е првпат Ајлиш и Мураками да соработуваат. Зедно соработуваа на музичкиот спот за „ You Should See Me in a Crown”- погоден наслов со оглед на доминацијата на Ајлиш во поп културата.

Колекцијата Billie Eilish x Takashi Murakami, која има цена помеѓу 10 и 15 долари, ќе биде достапна на 25 мај на Интернет на Uniqlo.com.