Модниот свет во шок- од Ковид почина славниот дизајнер Албер Елбаз
Франција- Модниот свет е во шок- по веста дека од компликации на коронавирус почина славниот дизајнер Албер Елбаз (59) ,познат по работата кај Ив Сен-Лоран и Ланвин. Роден во Мароко, растел во Израел, а се школувал во Франција.
Како пренесуваат, тој починал во една париска болница, а веста ја потврдиле од компанијата „Richemont“ со која ги реализираше последните модни проекти – создавање на сопствен бренд „AZ Factory“.
Од дизајнерот се простија и манекенката и експрва дама Карла Бруни -Саркози која на ревиите носеше негови креации и неговата долгогодишна пријателка, колумнистката на „Вог“, модната новинарка и критичарка Сузи Мекенс, која во својата објава откри дека Елбаз починал од компликации предизвикани од корона вирусот, со кој се борел три недели.
Елбаз беше креативен директор на модната куќа „Ланвин“ од 2001 до 2015 година, со што остави траен белег во оваа индустрија.