Милиони деца ги пропуштија редовните вакцини поради пандемијата од корона


Околу 23 милиони деца, лани ја пропуштија редовната вакцинација против детски болести, како дифтерија, тетанус и други, покажуваат податоците од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.

Тоа се 3,7 милиони деца повеќе кои ја пропуштија вакцинацијата за разлика од 2019 година, истакнуваат од СЗО и УНИЦЕФ. Податоците покажуваат дека падот на бројот на вакцинирани деца е присутен во повеќе земји во светот.

Со останатите вакцини е дури и полошо

До 17 милиони деца не примиле ниедна вакцина против детски болести, а се работи повеќе за деца кои живеат во подрачја зафатени со судири или сиромашни наслеби и зафрлени места, каде и инаку пристапот до основна здравствена нега е многу органичен.

Родителите често се среќаваа со затворени амбуланти или не ги воделе децата на вакцина поради страв од зараза.

Вакцинирањето на децата посебно е одложено или отежнато во земјите на Југоисточна Азија и источното Средоземје. И додека земјите се трудат да набават вакцини против корона, со останатите вакцини состојбата е уште полоша и дека децата се изложени на ризик да се заразат со болести кои моеж да се спречат, како детска парализа, сипаници или менингитис, предупреди директорот на СЗО, Тедрос Гебрејезус.