Мигрант кој преживеа бродолом во Италија: Криумчарите ги фрлаа децата в море


 

Мигранти кои го преживеаја бродоломот во близина на италијанскиот брег ги обвинија криумчарите, односно трговците со луѓе, дека фрлале деца во морето за да ја намалат тежината на бродот и на тој начин полесно побегнале на крајбрежната стража.

Инаку, вчера потона брод со мигранти при што загинаа најмалку 60 луѓе, меѓу кои и деца.

Бродоломот го преживеаја 80 мигранти. Властите стравуваат дека бројот на загинати може да надмине 100, бидејќи некои преживеани посведочија, дека на дрвениот брод, кој тргнал од Турција, имало околу 200 лѓе од Иран, Пакистан и Авганистан.

Фрлаа деца в море

Бродот удрил во карпи, се распаднал и потонал во неделата пред зори во близина на италијанскиот брег. ДОдека спасувачите трагаат по преживеани, се бара виновникот за трагедијата. Некои го вперија прстот во десничарската власт на чело во премиерката Џорџа Мелони и нејзината строга политика за мигрантите. Таа пак, вината ја префрли на нехуманите трговци со луѓе.

„Криумчарите во еден момент фрлаа деца в море. Ги зграбуваа за нозе и за раце и ги флраа“, вели еден од преживеаните за „Ла стампа“. Меѓу загинатите наводно се 14 деца.

„Еден 12-годишен Авганистанец го изгуби целото семејство, деветмина од нив – четири браќа и сестри, родителите и блиски роднини“, вели за новинарите.

Средоземјтето е масовна горбница за мигрантите

Шеснаесетгодишник ја изгуби 28-годишната сестра, која почина на плажата покрај него. Нема сила да им каже на родителите. Маж (43) од АВганистан прежиевал заедно со својот 14-годишен син, но неговата жена и три деца од 13, девет и пет години не преживеаја.

Авганистанка што го изгубила сопругот плаче и не се помрднува од плажата.

„Ова е уште една трагедија во близина на нашиот брег. Не потсетува дека Средоземјето е голема масовна горбница со десетци илјади души, но бројот се зголемува“, вели Франческо Креацо, портпарол на СОС Медитеран, невладино здружение за спасувачки операции.

„Нема крај, од 2013 година луѓето рекоа никогаш повеќе пред малите бели ковчези на Лампедуза, во 2015 рекоа никогаш повеќе пред телото на двегодишното сириско дете на плажата. Сега тие зборови повеќе не се изговараат“, додава тој.

Давид Морабито, нуркач, вели дека извлекол две тела на деца од водите на морето. „Кога ќе ги видите тие мали тела, сликите ви го прободуваат срцето. Толку мртви деца…

Нови расправи во Италија за мерките кон мигрантите

Катастофата дополнително ја поттикна расправата во Италија за мерките на потрага и спасување на мигранти во средоземната рута, која е најсмртоносна на светот. Крајно десната премиерка Мелони, избрана во септември, вети ограничување на доаѓањето на мигрантите.

Нејзината влада минатата недела протурка контроверзен закон кој ги присилува добротворните организации за помош на мигрантите да извршат само една мисија на спасување живот пред да се вратат во пристаништата, кои често се далеку.

Критичарите велат дека со таа мерка се крши меѓународното право и ќе резултира со давење луѓе. Според податоците од министерството за внатрешни работи, речиси 14.000 мигранти стигнале во Италија по морски пат досега оваа година, во однос на 5.200 истиот период лани.