Маск сподели мапа на плодноста во Европа. Само Косово е зелено


Американскиот мултимилијардер Елон Маск сподели мапа што ги прикажува стапките на плодност во европските земји на социјалната мрежа X.

„Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира“, напиша Маск.

Стапка на плодност значи коефициент што го покажува бројот на деца родени по жена во плодниот период од животот, од 15 до 49 години.

Еве како се толкуваат коефициентите:
Под 1 – екстремно ниска стапка на фертилитет
Од 1 до 1,5 – ниска стапка на фертилитет
Од 1,5 до 1,9 – недоволна стапка на фертилитет
Од 1,9 до 2,1 – стапка на фертилитет блиску до онаа што е доволна за замена на генерации
Над 2,1 – стапка на фертилитет над онаа што е доволна за замена на генерации

Коефициент под 1 претставува екстремно ниска стапка, од 1 до 1,5 ниска стапка, од 1,5 до 1,9 недоволна стапка, од 1,9 до 2,1 стапка блиску до онаа што е доволна за замена на генерации, а над 2,1 стапка над онаа што е доволна за замена на генерации.

Бројките се поразителни за повеќето европски земји. Огромното мнозинство европски земји имаат ниска стапка на фертилитет. Франција, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Бугарија и Молдавија се снаоѓаат подобро од просекот, односно влегуваат во категоријата земји со недоволна стапка на фертилитет.

На картата, Косово се издвојува во зелена боја со стапка на фертилитет од 1,9.

Патем, Маск е татко на најмалку 14 деца, од кои едно починало како бебе.