Лорен Санчез за мајчинството: „Би сакала да имам дете со Џеф“
Лoрен Санчез Безос изјави дека би сакала да има дете со Џеф Безос, иако веќе имаат големо семејство со седум деца од претходни врски. Во статија објавена во „Њујорк тајмс“викендов, 56-годишната новинарка и добитничка на наградата Еми изјави дека без двоумење би размислила за додавање нов член во семејството.
„Утре би имала уште едно. Утре би имала бебе“, изјави Лорен за медиумите, по што нејзиниот портпарол разјасни дека таа моментално не е бремена.
Семејство од седум члена
Лорен и Џеф се венчаа на раскошна церемонија во Венеција на 27 јуни минатата година, обединувајќи ги своите две семејства. 62-годишниот основач на „Амазон“ има четири деца, три сина и една ќерка, со неговата поранешна сопруга Мекензи Скот.
Лорен, од друга страна, има 25-годишен син, Нико, со поранешниот партнер Тони Гонзалес, и 19-годишен син, Еван, и 18-годишна ќерка, Ела, со поранешниот сопруг Патрик Вајтсел.
Говорите на децата беа најтрогателниот дел од свадбата
Лорен изјави во емисијата „Тудеј“ во март дека говорите на нејзините деца беа најтрогателниот дел од свадбата. Таа беше особено трогната од она што го кажа нејзиниот син, кој има дислексија.
„Она што најмногу ме трогна беа моите деца. Сите држеа говори“, рече таа. „Децата на Џеф и моите деца зборуваа, а еден од моите синови, кој има дислексија и не му пречи да зборувам за тоа, рече нешто што му беше навистина важно. Не знаев што ќе каже.“ Неколку дена подоцна, во интервју за Екстра, Лорен откри дека говорот на нејзината ќерка Ела за време на церемонијата ја трогнал до солзи.
„Ќерка ми зборуваше за време на церемонијата, пред да ги кажеме нашите завети, и веднаш се расплакав. Едвај успеав да се смирам, а веќе беше време за фотографиите.“ Таа додаде дека сите говори биле полни со емоции и љубов, и дека тие ѝ дале на свадбата посебна топлина.