Локален функционер во Закарпатија фрлил гранати на седница (ВИДЕО)


Во Закарпатија, Украина, во зградата на селскиот совет Керецки, локален функционер активирал гранати за време на седница:едно лице било убиено, а уште 26 биле повредени, од кои шест се во критична состојба, соопшти Националната полиција на  Украина.

Не е јасно дали службеникот што ги активирал гранатите е ранет или убиен. Инцидентот се истражува како потенцијален терористички напад, соопшти полицијата.

Полицијата објави видео на кое се гледа како маж влегува во преполна просторија, која ја идентификуваа како зграда на локалната власт во селото Керецки, област Закарпатија.Потоа вади две гранати, им ги вади игличките и ги фрла на подот. Следат експлозии и врескање, а екранот е исполнет со чад.

Полицијата не го идентификуваше осомничениот извршител на бомбашкиот напад, но „Украинска правда“ и други медиуми тврдат дека тоа е Серхи Батрин, член на селскиот совет на партијата „Слуга на народот“.Регионалниот медиум Zakarpattia24 сподели видео во кое Батрин се жали на други локални функционери. Zakarpattia24, исто така, рече дека Батрин претходно се расправал со колегите за зголемување на воените исплати за шефот на селскиот совет.

Пред да ги активира гранатите, Батрин наводно се скарал со своите колеги за ова прашање, кои одбиле да застанат на негова страна. По спорот, Закарпатиа24 рече дека заминал и се вратил со гранати.