Лавров на Алјаска во „СССР“ маица
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Анкориџ, Алјаска, каде утре ќе се одржи самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.
При влегување во хотелот, Лавров кратко разговараше со новинарите, облечен во маица со натпис „СССР“ (соиетскиот акроним за Сојузот на Советските Социјалистички Републики).
Тој изјави дека Москва на состанокот ќе изнесе „јасен и разбирлив став“ и дека во текот на неодамнешната посета на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва, било постигнато „многу“.