Латвија воведува задолжителна вакцинација во здравството и образованието
Латвиската влада во средата одлучи вакцинацијата против Ковид-19 да биде задолжителна за вработените во здравството, образованието и социјалните служби.
Исто така, членовите на владата се сложија во останатите сектори од 1 октомври да може да се отпуштаат работници кои не се вакцинирани. Но, тоа ќе стапи на сила дури откако одлуката ќе ја усвои парламентот.
„Расправавме за мерките со кои ќе го промовираме вакцинирањето. Гледаме дека во текот на информациската кампања, а целта е овој предлог-закон луѓето да го променат однесувањето“, изјави премиерот Крисјанис Карнис.
Вакцинацијата против Ковид-19, во Латвија, земја со нешто помалку од два милиони жители напредува, и досега барем една третина од популацијата примиле барем една доза вакцина.
Иако бројот на заразени е во опаѓање со недели, воочено е зголемување на оние кои се заразени со делта сојот, кој е опасен затоа што брзос е шири, па така 54 отсто од новозаразените се со делта варијанта.