Ланком ја почна својата прва глобална програма за одржлив развој
Франција – Брендот „Ланком“ ја почнува својата прва програма за одржливост во светски рамки, наречена „Грижа за посреќно утре“, која ги нагласува биодиверзитетот и социјалната вклученост.
Иницијативата на модниот бренд, инаку сопственост на францускиот „Л’Ореал“ (L’Oréal), се заснова на три идеи – да се заштити биолошката разноликост, што вклучува и употреба на нови земјоделски практики и еколошки формули и амбалажи, потоа – да им се помогне на луѓето со одржлива потрошувачка и поголема вклученост на жените во индустријата.
– „Ланком“ е бренд кој одамна има грижлив аспект близок до жените и нивните интереси, рече Франсоа Леман, претседателка на компанијата за „Воманс вер дејли“ (Women’s Wear Daily).
Целта на програмата за одржливост е до 2030 година, 100 отсто од суровините што се користат за производство на производите на брендот да бидат еколошки и употребливи на општествено одговорен начин.