Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина


 Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европска Унија денеска ќе даде повеќе од четири милијарди евра за поддршка на Украина.

– Солидарноста на ЕУ со Украина е непоколеблива. Ова е наша посветеност не само за закрепнување на Украина, туку и за нејзината иднина како суверена и демократска земја, објави Лајен на платформата Икс.

Таа додаде дека вкупната финансиска поддршка за Украина од ЕУ и земјите-членки достигна 168,9 милијарди евра.