Кошмарно крстарење: патник почина од норовирус, сите 1.700 луѓе на крузерот се ставени во карантин
Повеќе од 1.700 патници и членови на екипажот на крузер закотвен во Бордо се ставени во изолација откако еден патник почина од сомнителен норовирус, соопштија официјални лица.
Повеќето од патниците на бродот se од Велика Британија или Ирска. Бродот „Амбасадор крузер лајн“ се закотви во западна Франција во вторникot, објави „Тајмс“.
Починатиот e 90-годишен патник. Кај околу 50 лица се дијагностицирани симптоми на норовирус, соопштија здравствените службеници. Се верува дека на бродот има 1.233 патници, а останатите се членови на екипажот.
Норовирусот е форма на гастроентеритис што предизвикува повраќање и дијареја и е многу заразен.
Крузерот исплови од Шетландските Острови на 6 мај. Пред да пристигне во Бордо, се закотви во Белфаст, Ливерпул и Брест, Франција. Од Бордо, требаше да го продолжи своето патување кон Шпанија.