Косата на Бред Пит предизвика најмногу коментари на Оскарите
САД– Бред Пит годинава на 93. Оскари во Лос Анџеле привлече најмногу внимание со изгледот и со гафот како презентер- го згреши името на колешката во најавата, Ју-Џунг Јун („Минари“), која освои Оскар за најдобра споредна улога. На неа и беше забавно откако новинарите ја прашуваа како мириса Бред Пит.
„Буквално станав и ѝ аплаудирав на пунџата на Бред Пит“, беше само еден од забавните коментари на Твитер.
Пит се појави во елегантен црн смокинг на италијанскиот луксузен бренд „Бриони“ (со негов потпис “BP Signature” ) со бела кошула и изгледаше одлично, но најмногу внимание привлече неговата фризура. Долгата коса Бред ја прибра во пунџа.
57-годишниот актер, минатата година, на Оскарите 2020 доби награда за најдобра машка споредна улога во филмот Once Upon a Time in Hollywood.