Колумбија донесе закон за нездрава храна
Колумбија донесе „закон за нездрава храна“ за да се справи со болестите на животниот стил.
Новиот закон во Колумбија што ја прави една од првите земји во светот што експлицитно ја оданочува ултра-обработената храна беше поздравен од активистите и здравствените експерти кои велат дека може да биде пример за другите земји.
По долгогодишна кампања, овој месец стапи на сила „законот за нездрава храна“ и постепено ќе се воведува давачка. Дополнителниот данок на погодената храна ќе започне веднаш од 10% , ќе се зголеми на 15% следната година и ќе достигне 20% во 2025 година.
„Земјите ширум светот воведуваат здравствени даноци, на пример со оданочување на тутунот или засладените пијалоци, но малкумина ги проширија и на преработената храна“, рече Франко Саси, професор по меѓународна здравствена политика и економија на лондонската бизнис школа Империјал колеџ.
„Моделот на Колумбија е попроширен од она што го видовме досега и може да послужи како пример за другите земји“, смета тој.