Ќе се разоружа и ПКК во северен Ирак

Курдската работничка партија (ПКК) денеска соопшти дека нејзините борци во северен Ирак ќе го предадат оружјето кога ќе почне разоружувањето на ПКК во Турција.
– Група герилски борци ќе се симнат од планина и ќе се опростат од своето оружје со цел да изразат добра волја за мир и демократска политика, соопшти ПКК.
Се очекува членовите на ПКК да го предадат оружјето на регионалната Влада во Ирак, каде доминантни се се Курдска демократска партија (КДП) и Патриотската унија на Курдистан (ПУК). КДП има добри односи со Турција и беше во конфликт со ПКК, а ПУК е на страната на ПКК.
ПКК долго време има бази во планинските региони на северен Ирак, а турската армија почна офанзива при што се раселени десетици села и воспостави бази во регионот.
Владата на Ирак минатата година воведе официјална забрана за ПКК, која во Турција, но и за нејзините сојузници е терористичка организација.
ПКК на 1 март објави прекин на огнот со Турција по апелот на нејзиниот лидер Абдула Оџалан, кој 26 години отслужува доживотна казна на островот Имрали во близина на Истанбул.
Повеќе од 40.000 луѓе се убиени откако ПКК ја почна својата борба во 1984 година со цел да се создаде етничка татковина за Курдите. ПКК сега бара поголема автономија во југоисточна Турција и поголеми права за Курдите, како и ослободување на Оџалан. Мировниот процес меѓу Турција и ПКК пропадна пред десет години.