Кисела Вода со донација ќе субвенционира сметки за струја на загрозените


 Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Објавен е јавниот повик со критериумите, на кој од денес, во наредните 15 работни денови можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители.
 
-Во услови на енормни поскапувања, на зголемени цени на сите основни продукти и добра кои претставуваат елементарни услови за живеење, а за многумина станаа луксуз, општина Кисела Вода обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на дел од сметките за потрошена електрична енергија на социјално загрозените семејства. Се работи за сума во износ од 1.200.000 денари, односно по 100.000 денари во текот на дванаесет месеци, кои ќе бидат наменети на оние на кои најмногу им е потребна помош.
Ги повикувам сите наши жители кои ги исполуваат условите да ја поднесат потребната документација до Архивата на општина Кисела Вода, како би можеле да го остварат правото на овие финасиски средства. Изборот ќе го врши повеќечлена комисија, а подносителите ќе бидат известени во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката за распределба на средствата“, стои во соопштението на општината.
 Јавниот повик со критериумите за учество и потребната документација е достапен на општинската веб страница на следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk/.../Broshuri/Binderrrr444.pdf