Курц откри врска меѓу терористот од Нов Зеланд и десничарското движење во Австрија
Австрискиот канцелар Себастијан Курц во средата потврди дека постои финансиска врска меѓу Брентон Тарант, напаѓачот кој уби педесет луѓе во џамија во новозеландскиот град Крајстчрч и екстремно десничарското Идентитетско движење во Австрија. Курц рече дека Австрија размислува за распуштање на тоа движење, кое тврди дека сака да го зачува европскиот идентитет, пренесе Ројтерс. Австриската полиција […]