Официјално: Крај за највредната европска банкнота


Германските и австриските централни банки банкнотите од 500 евра ги вадат во оптек само уште до овој петок.

Меѓутоа, тоа не го зголеми барањето на банките за банкноти од овој износ. Останатите 17 централни банки во земјите внатре во еврозоната навредната розева банкнота престанаа да ја издаваат уште кон крајот на јануари.

„Централните банки во Германија и Австрија досега издаваа најмногу банкноти од 500 евра во оптек. Затоа и беше одлучено тие последни да престанат со издавањето. Бидејќи голем логистички потфат е сите банкноти од 500 евра да се заменат со банкноти од 100 евра“, изјави претседателот на Германската централна банка Јоханес Берман за дневникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Советот на Централната европска банка уште во 2016 година одлучи во новата серија банкноти со засилени сигурносни обележја нема да биде и онаа најгоелмата, онаа од 500 евра. Со укинувањето на оваа банкнота одговорните се надеваат на сузбивање на тероризмот и работата на црно.