Почина Големиот војвода од Луксембург

Големиот војвода Жан од Луксембург почина во 98-та година во животот, соопшти денеска неговиот син Анри.
Војводата неодамна бил примен во болница поради инфекција на белите дробови, а како што се наведува во соопштението, почина во болница, окружен со семејството, пренесе BBC.
Жан од Луксембург абдициташе во корист на синот Анри во 2000 година по 36 години на чело на државата. Во текот на неговото владеење, Луксембург стана меѓународен финансиски центар.