Уапсени пет милијардери осомничени за корупција


 

Пет алжирски милијардери се уапсени во согласност со антикорупциската истрага во таа земја, објави денеска алжирската државна телевизија.

 

Некои од нив се блиски со поранешниот претседател Абделазиз Бутефлика кој поднесе оставка на таа функција по масовните протести.

Меѓу уапсените е и Ишад Ребраб, кој се смета за најбогат бизнисмен во енергетската богата северноафриканска држава, и четворица браќа од семејството Кунинеф, пренесе Ројтерс повикувајќи се на алжирската телевизија.