Јункер: Ќе се бориме против „лажните вести“ во кампањата за евроизборите

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер вети дека Брисел ќе ги отстрани сите „лажни вести“ во текот на предизборната кампања за изборите за Европскиот парламент следниот месец.

– Ако владите тврдат некои работи за ЕУ или Комисијата што не одговараат на вистината, тогаш ќе одговориме. Јас ќе го сторам тоа пред изборите, изјави Јункер во интервју за група весници сопственост на германската „Функе Медиа Груп“, што ќе биде објавено утре.

Тој ваквото предупредување го уапти до сите оние кои ќе се обидуваат да манипулираат со гласачите за да влијаат врз нив, дури и ако доаѓаат од земјитечленки на ЕУ.

– Јас веќе гледам обиди да се влијае на изборите за Европскиот парламент преку манипулации, кои доаѓаат од неколку места, не само од земји надвор од ЕУ. Земји во рамки на Унијата, исто така, се обидуваат да ја насочат волјата на електоратот во одредена насока со „лажни вести“. Комисијата е подготвена да се бори против сè, истакна Јункер.

Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 23 до 26 мај.