Нови детали за нападот во Шри Ланка: 24 уапсени, нападите ги извеле бомбаши самоубијци


Полицијата уапси најмалку 24 лица во рамки на истрагата за терористичките напади на Шри Ланка во кои загинаа најмалку 290 луѓе, а ги изведоа шест или седум бомбаши самоубијци, изјавија официјални лица и објавија дека новиот полициски час станува на сила во понеделник вечер.

Владиниот аналитичар Велианга им изјави на новинарите дека трите напади на црквите и трите напади на хотелите ги предизвикале бомбаши самоубијци.

Владиниот оддел на стручњаци во рамки на министерството за одбрана истражува дали двајцата бомбаши биле вклучени во еден од нападите на хотелот, што би значело дека биле вклучени седум бомбаши самоубијци.

Портпаролот на полицијата Руван Гунасекара изјави дека уапсените мажи, сите со локално потекло, ги испитува одделот за казнени истраги.

Бројот на загинати преку ноќ се зголеми бидејќи уште луѓе загинаа во болниците од здобиените повреди, а пронајдени се уште неколку тела.

Во понеделникот наутро беше уникат полицискиот час. Се очекува дека школите и факултетите ќе останат затворени, но владата најави нов полициски час кој ќе стапи на сила во 20 часот по локално време.

За да го ограничи движењето, земјата од 21 милион жители прогласи два неработни дена, но голем број вработени сепак во понеделникот заминаа на работа.

Досега во истрагата е лоциран камион за кого се претпоставува дека ги превезувал бомбашите и куќата каде престојувале во предградието на главниот град Коломбо.

Во неделата вечер во близина на аеродромот беше откриена и деактивирана бомба од домашна изработка во пластично црево, изјави портпаролот на воздушните сили.

За повеќекратните експлозии се уште никој не презел одговорност.

Премиерот Ранил Викремесинге изјави дека ќе бара помош од странство со цел да се открие дали напаѓачите се поврзани со меѓународен тероризам.

Експлозиите се случија за време на миса во христијанските цркви во Ногомба, Батикалои и Коломбо и во три луксузни хотели во Коломбо.

Најмалку 35 странци загинаа во експлозиите, уште 19 се во болниците.