Истрагата покажа: Координираните напади во Шри Ланка ги извршиле седум бомбаши-самоубијци


Координираните напади во цркви и училишта во Шри Ланка ги извршија седум бомбаши – самоубијци, изјави денеска државниот истражител Аријананда Велијанга.
– Анализата на телесните остатоци јасно покажа дека се работи за бомбаши – самоубијци – рече Велијанга, форензички кривичен истражител.
Додаде дека повеќето напади се извршени од по еден бомбаш и дека во хотелот „Шангри Ла“ имало двајца, пренесуваат агенциите.
Според најновите податоци на полицијата, во нападите се убиени најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени.
Полицијата на Шри Ланка ги проверува наводите дека разузнавачките служби имале предупредувања за можни напади, велат официјални лица.
Двајца министри од владата сугерирале дека биле направени разузнавачки пропусти.