Владата на Србија праќа милион евра за Нотр Дам


Владата на Србија денеска упати финансиска помош на Франција во износ од милион евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз.
Познатата катедрала е тешко оштетена во катастрофалниот пожар што се случи ноќта на 15 април.
Со оваа одлука Владата на Србија го потврдува вековното пријателство со францускиот народ и изразува желба симболот на француската и светска цивилизација што побрзо да се обнови и да се отвори овој храм на културата и уметноста за сите свои идни поклоници, соопшти канцеларијата за соработка со медиумите по седницата на владата.