Објаевно е кој стои зад нападот во Шри Ланка, наскоро вонредна состојба


Владата на Шри Ланка објави дека зад организираните напади на црквите и хотелите на Велигден стои екстремистичката група „Нешенел товхид џамат“. Наскоро вонредна состојба.

Станува збор за локална исламистичка група.

Како што објави портпаролот на владата, зад таа екстремистичка група стои интернационална мрежа, со чија помош беа изведени нападите во кои загинаа 290 луѓе, а преку 500 луѓе се ранети и повредени.

Нападите беа извршени на три цркви и три луксузни хотели во Коломбо и во околината. Полицијата вчера уапси 13 осомничени за нападите кои министерот за одбрана Руван Вијевардена ги опиша како терористички. Тој изјави дека поголемиот дел од нападите на црквите и хотелите биле од самоубиствена природа.

Форензичарскиот тим на владата на Шри Ланка соопшти дека седум бомбаши самоубијци извеле шест симултани напади на три цркви и три луксузни хотели. Владиниот аналитичар Аријанада Велијанга изјави дека со анализа на деловите од телата на напаѓачите е востановено дека нападите ги извршиле бомбашите самоубијци, пренесе агенцијата АП.

Двајца луѓе беа вклучени во напад на хотелот Шангри-ла, по еден напаѓач на Синамон гранд, Кингсбери и Сент Ентони Шрајн во Коломбо, црквата Сент Себастијан во градот Негомбо и цркава Зион во градот Баикалоа.

Двата бомбашки напади неколку часа подоцна во една гостилница и блиску надворзникот во близина на Коломбо се уште се истражуваат. Осомничените напаѓачи детонирале експлозив во куќа недалеку од експлозијата кај надвозникот и во таа прилика тројца полицајци го загубиле животот.

Меѓу загинатите има државјани на САД, Велика Британија, Индија, Кина и други земји. Според последните податоци, во серијата експлозии во неделата во Шри Ланка животот го загубија 290 лица, а околу 500 луѓе се ранети.

Истовремено, претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена ќе прогласи вонредна состојба во целата земја од полноќ, соопштија од неговата канцеларија.

Владата одлучи да објави клаузули поврзани со спречување на тероризам до полноќ, наведено е во соопштението на Канцеларијата за медиуми на претседателот на Шри Ланка, пренесува Ројтерс.