Почина Линда Трип – жената што ја откри аферата Клинтон-Левински


Американската државна службеничка Линда Трип, која ја разоткри аферата меѓу тогашниот претседател Бил Клинтон и Моника Левински, почина на возраст од 70 години од рак на панкреасот, соопшти денеска нејзиното семејство. Трип стана позната во 1998 година кога во процесот за отповикување на американскиот претседател Клинтон приложи снимки со Моника Левински кои станаа главен доказ […]

Барањата за венчавки во Вухан зголемени за 300 отсто


 Жителите на Вухан, кинескиот град откаде што почна ширењето на новиот коронавирус, полека се враќаат во нормала… А, паровите чиишто врски го преживеаја сѐ ова, сѐ почесто решаваат да прослават со – брак. Според официјални бројки, барањата за венчавки се зголемиле за 300 отсто последниов период. Властите на Вухан официјално ја отворија службата за венчавки […]

Конте: ЕУ да помогне, ако сака да успее


Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени дека Европската унија ризикува да не успее како проект во кризава поради корона вирусот. Тој во интервју за Би-Би-Си рече дека ЕУ мора да дејствува на адекватен и координиран начин за да им помогне на земјите што се најтешко погодени од коронавирусот. Според него, ЕУ треба да се соочи со […]

Пронајдено телото на правнукот на Кенеди


Телото на правнукот на Роберт Ф. Кенеди, Гидеон Мекин (8), најдено е една недела по исчезнувањето, откако тој и неговата мајка возеле кану. Неговото тело е пронајдено на неколку километри од местото каде беше најдено телото на неговата мајка Мејв Кенеди Таузенд Мекин, пишува Ројтерс. Момчето и мајка му во четвртокот  возеа кану, но фати […]

Лагард: Со демонстрирањето солидарност, им служиме на сопствените интереси


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ги повика европските земји да се обединат во одговорот на кризата предизвикана од новиот корова вирус, со буџетски мерки. Лагард го упати апелот во време кога европските лидери не успеваат да се договорат за начините за решавање на економските проблеми предизвикани од пандемијата. „Од витално значење е […]

Си-ен-ен од болница во Њујорк: Ова не е „Вовед во анатомија“ – ова е живот


Во рок од 10 минути шест пациенти имаа срцев застој, а четворица умреа, известува Си-ен-ен за ситуацијата од една њујоршка болница. Болничкиот „Код 99“, сигнал кој известува дека на пациентот му е потребна реанимација, се огласи петпати за помалку од час. „Толку се болни што ги губиме во миг. Разговараат со нас, а неколку минути […]

Јункер е за зголемување на буџетот на ЕУ


Австрија–   Во актуелната криза со пандемијата станува збор за здравјето на луѓето, за живот и смрт, и кон тоа треба да се има сосема поинаков однос од сите други претходни кризи во ЕУ, рече поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој е за поддршка на зголемување на буџетот на ЕУ. „Потребно е масовно зголемување на […]

Португалија ги пушти затворениците со казна до две години


Португалскиот парламент донесе одлука, до крајот на вонредната состојба на 17 април, да го стопира исклучувањето на домаќинствата од електричната мрежа, водовод или гасовод поради неплатени сметки, бидејќи тоа би предизвикало економска и социјална штета на посиромашните граѓани. Според податоците на владата, по 4.000 луѓе дневно аплицираат во бирото за невработени, а бројот на невработени […]

Американски научници: Ковид-19 нема да исчезне со затоплување на времето


САД –  Американски научници испратија писмо до Белата куќа во кое се тврдат дека се чини дека коронавирусот нема да исчезне при пристигнувањето на потоплите временски услови. Во писмото до Белата куќа, членовите на Националната академија на науките велат дека податоците за тоа колку топлото и ладното време влијаат на коронавирусот не се конкретни. Тие забележуваат […]

Кисинџер: Коронавирусот засекогаш ќе го промени светскиот поредок


Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер предупреди дека коронавирусот може да предизвика колапс на светската економија, за чие закрепнување ќе бидат потребни генерации доколку не се преземат соодветни мерки. Кисинџер, кој работеше за двајца американски претседатели, Никсон и Форд, напиша текст во Вол Стрит Џурнал во кој го изрази својот остар став дека „неуспехот може […]

Како Шпанскиот грип во 1918 го направи носењето маски задолжително во делови на САД


Се чини дека користењето на маските како заштитно средство ја прескокна свеста на неколку генерации. Корона вирусот можеби ќе го промени тоа   Кога пандемијата со новиот корона вирус ја погоди Азија, луѓето во целиот регион побрзаа да стават маски, а во некои места како Тајван и Филипини тоа дури беше задолжително во одредени сценарија. […]

Мапа на потврдените случаи од корона вирус во Европа


Графички приказ на бројот на потврдените случаи од Ковид-19 во Европа и нејзиното најблиско соседство. Големината на црвените точки го означуваат бројот на инфицираните. Мапата е изготвена врз основа на податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“ и Worldometers.

Франс Тимерманс ја критикува холандската влада


ЕУ ќе пропадне ако продолжи да преовладува националниот само-интерес, напиша првиот потпретседател на Европската комисијата Франс Тимерманс денес во колумна за холандскиот весник „Де Волкскрант“. Тимерманс, кој е претставник на Холандија во Комисијата, предупреди дека „повлекувањето во национална самоправедност и взаемно покажување прсти“ нема да реши ништо и само „им докажува на многумина на немоќта […]

Финска: Два милиони маски од Кина несоодветни за болниците


Финска нарача два милиони маски од Кина, но по пристигнувањето властите беа разочарани: маските воопшто не биле како што беа нарачани и не ги исполнија критериумите за употреба во болница. Сега, наместо тоа, тие ќе бидат испратени во домови за стари лица и услуги за нега. „Хартиите беа добри. Сè изгледаше добро, но потоа производот […]

Синот на Вучиќ заразен со корона вирусот


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека син му Данило има коронавирус и дека е сместен на Инфективната клиника во Белград, објави РТС. „Кога почна сè, мојот Данило ми рече дека откажувањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква за да биде примен на Инфективната клиника. Сине, […]

Берни Сандерс: Кампањата е завршена, но движењето продолжува


Од изборниот штаб на Берни Сандерс денеска изјавија дека сенаторот од Вермонт ја заврши кампањата за претседателска номинација од Демократската партија на изборите годинава во ноември. Како што укажаа од штабот, Сандерс ова го одлучил денеска во телеконференција со своите помошници. Сандерс се обрати до своите поддржувачи со следниве зборови: -Не можам да продолжам со […]

Европскиот суд ѝ нареди на Полска веднаш да ја запре работата на дициплинската комора за судиите


Полската влада мора веднаш да го прекине функционирањето на судската дисциплинска комора, за која критичарите предупредуваа дека се нарушува независноста на судиите, пресуди највисокиот суд на ЕУ во средата. Комората беше основана од полската влада во 2017 година, како дел од нејзините реформи во судството. Европската комисија се жалеше на независноста на телото, бидејќи во […]

Црн ден за Велика Британија – починаа 938 луѓе од корона вирус


  Во Велика Британија расте бројот на починати од корона вирусот. Само во последното деноноќие забележани се 938 смртни случаи. Како што соопшти одделот за здравство и социјална грижа бројот на новозаразени е 5.492. Вкупно заразени во оваа островска земја е 60.733, од кои починаа дури 7.097.

Четиричлено семејство во САД почина од коронавирус за десет дена


 Во текот на десет дена, четири членови на едно семејство во американската сојузна држава Луизијана починаа од новиот коронавирус. Антоанет Френклин (86) од Њу Орлеанс и нејзините синови Херман Френклин Јуниор (71), Тимоти Френклин (61) и Ентони Френклин (58) биле позитивни на Ковид-19, се разболеле речиси во исто време, и починаа во периодот од 20 […]

Денеска во Италија починати 542 од Ковид 19


Во Италија во последните 24 часа забележани се 542 смртни случаи од Ковид 19, а вкупно починати се повеќе од 17.000 луѓе. Новозаболени има 3.836. Вкупно заболени од корона вирус во Италија до сега има 135.586 луѓе.  Оздравеа 24.392 луѓе, додека активни се уште 94.067 случаи. Денеска се забележани околу 800 случаи новозаболени повеќе од […]