Како се возат Европјаните: Метрополите го редуцираат јавниот превоз


 

Епидемиолошката криза попушта во Европа, па владите на земјите го редуцираат и ги прилагодуваат условите за работа во јавниот превоз во обид да ја покренат економијата, пренесе АП.

Владите на италија, Франција и Шпанија наредија условите во јавниот транспорт да се ускладат со превентивните мекри за заштита од корона вирусот.

Во Милано во автобусите се поставени црвени маркери со кои се одредува пропишаната далечина меѓу патниците, додека Холанѓаните воведуваат попространи меѓумесни возови.

Во берлин и многу други градови се отвраат нови велосипедски патеки, додека Велика Британија за патниците ги користи само средните и задните врати за да ги заштити возачите.

Директорката на француското метро Катрин Гијуар, најави денеска дека државната компанија ќе се активира со 70 отсто од капацитетот на париската мрежа на јавен превоз во мај кога ќе помине вонредната состојба.

Но, тврди дека нема да биде можно социјално дистанцирање, па затоа сите вработени ќе носат задолжителна заштитна опрема.

Би-би-си објави дека проценува оти бројот на корисници на јавниот превоз во британските градови по вонредните мерки ќе бидат помали за 20 отсто од пред епидемијата. додека во Лондон се најавува и до 40 отсто помалку корисници на јавниот превоз.

Според истражувањето на консултантската компанија Систра, бројот на патници во британските возови може да биде помал за 27 отсто.

Сите наведени резултати се лоша вест за европските влади и јавните превозници кои настојуваат да ја поттикнат јавноста се повеќе да користи јавен превоз за да се намали емисијата на штетни гасови, затоа што граѓаните ќе ги користат своите автомобили за да се заштитат.