Државата Њујорк платила 69 милиони долари за респиратори што никогаш не пристигнале


Државата Њујорк платила 69 милиони долари за респиратори на човек без никаква позадина во работа со медицински материјали, откако тој  му пишал на Твитер на претседателот  Доналд Трамп и работната група за коронавирус во Белата куќа го препорачала како продавач.

Респираторите никогаш не пристигнале.

На 27 март како што новиот коронавирус започна да се шири низ САД, Трамп ги повика Форд и Џенерал Моторс на Твитер „Веднаш да започнат со правење респиратори“.

Јарон Орен Пинс, електро инженер од Сан Франциско, вратил на твитот на Трамп: „Ние можеме да го снабдиме Одделот за здравје со респиратори, инвазивни и неинвазивни. Некој нека ме побара веднаш“.

Њујорк,  три дена подоцна уплатиле сума од 69,1 милион долари на Орен Пинс за 1.450 респиратори, три пати повеќе од стандардната цена на современите модели.

Државен службеник истакна дека  стапиле во контакт со Орен Пинс, на директна препорака од работната група за коронавирус од Белата Куќа. Се уште не е јасно кој точно ја овластил препораката.

–       Ниту јас ниту мојата компанија нема да го коментираме ова, изјави Орен Пинс.

Њујорк го раскина договорот со компанијата и се обидува да ги врати парите.